Македонија
27. February 2022 - 19:56

Со помош на бугарскиот конзулат евакуирани шест граѓани, МНР бара Македонците да одат во Одеса

Шестмина македонски граѓани безбедно ја напуштија Украина, потврди минстерот за надворешни Бујар Османи. Евакуацијата е дел од планот на МНР организиран со помош на бугарската влада. Извлекувањето на македонски државјани се прави само ако тие пристигнат во Одеса.

„Упатуваме апел до нашите граѓани кои се наоѓаат на територијата на Украина, доколку се во можност, да се упатат во Одеса, во просториите на Генералниот Конзулат на Република Бугарија, од каде се уште има активни коридори за евакуација“.

Досега, Коридорот за евакуација го искористиле 100ци бугарски државјани.. Меѓунив и Стефан, македонец со двојно државјанство кој за бугарските медиуми вели дека е небезбедо во Украина, па одлучил да се врати во Скопје.

Од МНР велат дека освен со Бугарија, министерството контактирало и со властите во Романија, Унгарија и Молдавија кои одобриле македонски државјани да бидат вклучени во евентуалните коридори за евакуација, па ги повикуваат да заминат во конзулатите на тие држави во западниот дел на Украина. Според министерството за надворешни, се правеле напори да се обезбедат и други безбедносни коридори, а бил активиран и механизмот за цивилна заштита на Европската унија.

Се претпоставува дека досега, Украина ја напуштиле близу 400 илјади лица.