Со зголемени казни пониски цени - Владата најави измени во Законот на нефер трговски практики
Ќе се менува Законот за нефер трговски практики, затоа што дел од маркетите и натаму не го почитуваат. Затоа, од владата најавуваат десеткратно зголемување на казните за прекршителите – од сегашните 20 илјади евра, глобата би изнесувала 200 илајди евра. Заменик министерот за економија вели – трговците и натаму ги фаворизираат странските производители, кои им даваат повеќе пари за нивните производи да се најдат на видно место по рафтовите. Ваквото работење е забрането со закон.
За пониски цени на прехранбените производи не треба владини мерки, како замрзнување на цени или маржи, туку да се интервенира преку стоковите резерви, смета претседателот на Стопанската Комора, Азески. Вели дека не може да им наредите на маркетите да продаваат по пониски цени, затоа може да стават клуч на врата и да си зманимат. Она што е потребно е предвидливост, функционирање на пазарната економија и правна сигурност.
Инаку од Комората побараа трговците и граѓаните да ја поддржат домашната компанија Винчини, со купување производи од нивниот бренд. Во фабриката минатата недела избувна пожар, каде целосно изгореа 3 производствени погони.
Првиот човек вети дека ниту еден вработен нема да биде отпуштен. Тоа 100 лица кои работеа во пеплосаните погони, ќе бидат прераспределени на други позиции, додека се обнови фабриката во целост.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар