Собранието ќе добие ново лого
Објавен е Јавен конкурс за изработка на заштитен знак (лого) на Собранието на Република Северна Македонија со цел законодавниот дом да го модернизира и изедначи својот институционален, визуелен идентитет преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата, соопшти денеска собраниската прес - служба.
Во Јавниот конкурс се посочени главните елементи што треба да ги содржат понудите за идејно решение за изработка на логото и критериумите што треба да бидат задоволени. Меѓу другото, дизајнот на логото треба да биде уникатен и неупотребуван досега, така што авторот треба да обезбеди ексклузивност на дизајнот и да гарантира дека конечниот труд нема да повредува какви било интелектални права.
Секој учесник на конкурсот, се додава во соопштението, има право да поднесе најмногу до три идејни решенија за лого на Собранието.
Предлозите што ќе пристигнат во Собранието ќе ги разгледува посебна комисија формирана од претседателот на Собранието. Рокот за доставување на предлозите е 45 дена од денот на објавување на Јавниот конкурс.
Ново на Сител
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница
-
Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани, актерите бараат нов театар
-
Кинеските инфраструктури и нивното влијание
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари