Сончево и многу топло, од четврток наместа нестабилно време и пад на температурата

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 39 степени.
Според прогнозата на УХМР, многу топло време со мала до умерена облачност ќе се задржи и во среда, а во четврток и петок наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.
- Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а температурата ќе опадне за неколку степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
МИА
Ново на Сител
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
