Сончево и потопло со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 17, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени.
До петок времето ќе се задржи претежно сончево и топло со постепен пораст на дневните температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот во северен. Потоа следува период на стабилно и потопло време.
МИА
Ново на Сител
-
Барање за нов мандат
-
Преглед на вестите од светот
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум
-
Дрвокрадците не запираат
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС