-->
-->
Сончево и топло време, температури до 32 степена
-->
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утрово ќе биде ведро и посвежо, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Според прогнозата на УХМР, до средината на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време. Од среда се очекува зголемување на облачноста и постепено опаѓање на дневната температура. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
50 комунални возила на Брако на улиците во Ријад
-
Рождество на Пресвета Богородица одбележано во манастирот Елеуса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Томовски, СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
-
Прво човек па градоначалник
-
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ лажеше за воздухот