Сончево со локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 10, а максималните ќе достигнат од 19 до 28 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 8, а максималните ќе достигнат до 26 степени.
Во понеделник ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во крајните југозападни делови каде во попладневните часови ќе има услови за повремен слаб дожд и појава на ретки грмежи. Од вторник до крајот на работната седмица следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи.
Во понеделник и вторник ќе дува слаб ветер од јужен правец, а од среда ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.
МИА
Ново на Сител
-

Македонија меѓу земјите во светот со најголем број мозочни удари
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Шефот на словачката дипломатија во официјална посета на Македонија
-

Нема финален договор меѓу МОН и студентите
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
