Македонија
11. July 2025 - 8:42

Сончево со умерена облачност, максималната температура до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 32 степени.

Како што соопшти УХМР, во наредните денови следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.