Сообраќајка ноќеска на скопска обиколница, камион преминал во спротивна лента, четири лица загинаа

На 21.05.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило - влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(51) од Скопје.
Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Р.В. и сопатниците од неговото возило, А.В.(20) и П.М.(20) од Скопје и уште едно лице чиј идентитет засега е непознат. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција. Исто така, по наредба на јавен обвинител возачот Б.Б. е лишен од слобода и задржан во полициска станица.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
За време на вршење на увидот, односно во периодот од 23:10 до 05:00 часот сообраќајот е пренасочуван на патниот правец Тетово-Велес, кај клучка Приштина кон с.Визбегово, и Велес-Тетово кај клучка Мирковци. Во 05:00 часот сообраќајот е нормализиран.
Ново на Сител
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
-

Сиљановска збунета од објаснувањата за „шпиунската“ афера
-

Извештај на ФЗО: Вработени во општи болници имаат високи примања, а лекуваат малку пациенти
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија
