Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, сите правци проодни

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од ЈП Македонија пат.
Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на планинските превои Попова Шапка, Стража, Маврово–Брод и Буково. И покрај ваквите временски услови, сите патни правци во моментов се проодни.
Од ЈП Македонија пат предупредуваат дека на одредени патни правци кои минуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони, поради што се препорачува зголемено внимание при возење.
Од претпријатието апелираат до возачите да управуваат внимателно со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината според условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и работат на одржување на сите патни правци проодни и безбедни за сообраќај.
МИА
Ново на Сител
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
-

Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од Унијата на есен
-

Партиите со препукувања и празна реторика за време на празници
-

Растат цените и побарувачката за станови во Струмица
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
-

По Венецуела, Трамп со отворена закана и за уште пет држави
-

Преглед на вестите од светот
-

Православните христијани денеска го слават Бадник, ден пред Христовото раѓање
