Соопштение на МВР на Србија по киднапирањето на македонскиот пејач Даниел Кајмаковски

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти детали за киднапирањето во Белград на македонскиот пејач Даниел Кајмаковски.
- Со координирана акција на полициски службеници на МВР, Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање на криминал и Службата за борба против тероризмот, жандармеријата, САЈ, Управата за сообраќајна полиција, Управата за гранична полиција, Одделот за сузбивање на имотни прекршоци и Полициската бригада, по потера по возило во кое двајца, засега непознати, сторители го киднапирале Д.К. (43) под закана со нож и пиштол во раните утрински часови во Белград, на улицата Караѓорѓева и му изнудувале пари, наведеното возило е запрено на територијата на општина Рума, во кое жртвата е пронајдена со врзани раце, додека сторителите успеале да го напуштат возилото и да заминат во непознат правец, се наведува во соопштението.
Според српското МВР, на Даниел Кајмаковски му е укажана лекарска помош, на местото на настанот е спроведена истрага, а полициските службеници ја продолжиле потрагата по сторителите.
Вишото јавно обвинителство во Белград го квалификува кривичното дело како - киднапирање, а интензивна работа за понатамошно расветлување на кривичното дело е во тек.
МИА
Ново на Сител
-

Премиерот ја потврди продажбата на „Еурокомпозит“ - Ќе продолжи и ќе се прошири производството на воена опрема
-

Долго трае чекањето на лек за ретки болести
-

Две милијарди евра за реформи во комуналниот сектор
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
