Сопственик на фирма од кавадаречко оштетен за 80 илјади денари, измамен преку хакирана електронска пошта

Сопственик на фирма од кавадаречко бил измамен преку хакирана електронска пошта со што бил оштетен за 80 илјади денари, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Вчера во 09:00 часот, во ОВР Кавадарци, 51-годишен жител од село во кавадаречко, сопственик на правно лице од Кавадарци, пријавил дека бил измамен за сума од 80.000 денари. Според пријавеното, преку европска платформа за транспорт, преку која договарале за да транспортираат стока, преку хакиран е-мајл добиле информација стоката која ја товариле во Германија, да ја истоварат на друга локација, различна од претходно договореното, каде и ја предале, односно не стигнала кај побарувачот и противправно била присвоена, соопштија од СВР Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземале мерки за расчистување на настанот.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
