СП 2026: Мексико осминафиналист

Мексико се пласираше во осминафиналето на Светското фудбалско првенство откако рано изутринава по средноевропско време го победи Еквадор со 2-0 пред своите гледачи во Мексико Сити.
Мексиканците прв пат по 40 години успеаја да ја минат првата пречка во нокаут фазата.
Последен пат тоа го сторија во 1986 година, кога стигнаа до четвртфиналето.
Мексико одигра брилијантно во првото полувреме и поведе во 22. минута со прекрасен гол на Хулијан Кињонес.
Девет минути подоцна, домаќинот ја обезбеди победата со голот на Раул Хименез по асистенција на Кињонес.
Почетокот на натпреварот беше одложен за 60 минути поради грмотевици што го погодија Мексико Сити.
Противник на Мексико во осминафиналето ќе биде победникот од дуелот меѓу натпреварот Англија и ДР Конго.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнува дебатата за буџетот
-

Мицкоски: СДСМ работи на штета на Алта банка Битола
-

СДСМ: Савески да постапи за Алта банка
-

И во месец ноември Охрид има посетители
-

Климатските промени го менуваат земјоделството
-

Преглед на вестите од светот
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
