Фудбал
17. July 2026 - 18:05

СП 2026: Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар

На два дена до одигрувањето на финалето меѓу Шпанија и Аргентина организаторите и локалните власти имаат нов неочекуван проблем, а тоа е квалитетот на воздухот во Њујорк.

Големите шумски пожари во Канада и чадот од нив предизвикаа проблем на поширокото градски подрачје. Здравствените служби издадоа и предупредување да не се излегува на отворено (без потреба) и да се намалат физичките активности односно по потреба да се носат и маски.

Финалето меѓу Шпанија и Аргентина се игра во недела со почеток во 21 часот и се очекуваат околу 80.000 гледачи.

Шпанската репрезентација тренираше и немаше реакции на воздухот, додека Аргентина вечерва ќе го има првиот тренинг по дуелот со Англија.

Проблемите со чадот и загадениот воздух ќе влијаат и на одржување на други спортски натпревари во тој дел на САД и Канада.

На финалето е најавено и доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп.

МИА