СП 2026: За Белингем најважно е да остане позитивна атмосфера

По голема борба и две продолженија Англија успеа да стигне до полуфиналето совладувајќи ја Норвешка со 2:1, а стрелец на двата гола беше Џуд Белингем. Норвешка во вториот дел постигна и гол, кој беше поништен и имаше пречка.
Јунакот на натпреварот немаше исто мислење со англискиот селектор Томас Тухел, кој истакна дека и покрај победата англичаните не одиграле најдобро.
На тоа Белингем изјави:
– Тухел вели дека не сме играле добро? Тој можеби не знае како е да се игра во вакви услови против тим предводен од Халанд, Одегард, … Се мора да има вистински контекст и околу репрезентацијата да има позитивна атмосфера. Сите играчи на теренот играа до последен атом на силата.
Англија во полуфиналето ќе игра против Аргентина на 15. јули, додека во првото полуфинале на 14. јули ќе играат Франција – Шпанија.
МИА
Ново на Сител
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
-

Преглед на вестите од светот
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПНЕ: Зошто маршираше Филипче во Прилеп?
-

Дали Безбеден град ќе го промени однесувањето на возачите и пешаците
-

Преглед на вестите од светот
