Спасовски: Истрагата ќе ги даде сите одговори за двојното убиство
МВР ги преземале сите дејствија за пронаоѓање на исчезнатиот автомобил на велешанецот Панче Жежовски кој беше убиен. Наспроти обвинувањата од опозицијата дека полицијата не постапила по пријавата за исчезнатиот велешанец, Спасовски тврди дека сите мерки биле преземани, а деталите ќе бидат откриени со истрагата.
Министерот не одговори дали се точни информациите од опозицијата дека возилото на велешанецот се движело низ скопската населба Маџари и било регистрирано од камерите на Сејв сити.
Извештајот од судска медицина кој е еден од клучните докази се уште не е доставен до обвинителството.
По две недели од истрагата за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во случајот остануваат шестмина осомничени. Првоосомничениот за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“, Љупчо Палевски - Палчо, е во притвор во Турција и се чека на неговата екстрадиција.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
