Македонија
1. November 2022 - 16:38

Спасовски не знаел дека се набавува софтвер за мерење на бризина во сообраќајот

Министерот за внатрешни работи денеска сведочеше во случајот Софтвери каде кривично се гони екс генералниот секретар на владата, Драги Рашковски. Спасовски, ниту како министер, ниту како технички премиер знаел дека се набавува опрема за мерење брзина во сообраќајот.. Во сведочењето на министерот, Рашковски гледа потврда за неговата невиност.

Владата и МВР не знаеле дека Генералниот секретар Драги Рашковски купил софтвер за мерење брзина и опрема за биометриска идентификација.. Министерот за внатрешни работи денеска во судница рече дека никогаш на владина седница не било кажано дека е купена таква компјутерска опрема.. Спасовски појасни дека во МВР имало анализи за зголемување на безбедноста во сообраќајот, но владата не била информирана бидејќи како што рече, не е нејзина надлежност.

„Не бев запознаен за ваков софтвер. Изрекувањето казни и точното утврдување брзина е обврска на МВР. Не се дискутирало Владата да ја преземе надлежноста од МВР за изрекување казни во сообраќајот“, сведочеше Спасовски со судницата..

Според Рашковски, со сведочењето на министерот се потврдувала неговата невиност.. Софтверот кој сам го патентирал, па купил со државни пари - служел за анализа, а од Владата зависело дали ќе и служи на полицијата.

„Анализата се доставува до владата и Ние велиме, нашата анализа тоа покажа. На владата е после тоа, одлучува дали понатаму како колективен орган ќе задолжи некое министерство или нема да го задолжи во насока на понатамошно користење“, изјави Драги Рашковски.

Обвинителството го гони Рашковски за злоупотреба на службената положба и перење пари.. Се товари дека со државни пари купил опрема за која МВР немало потреба, а вработил и хонорарци чии плати завршувале во негови раце.