Спасовски: Секој што се занимава со криминал ќе сноси одговорност за тоа, полицијата е на браникот на безбедноста

Секој оној што се занимава со криминал ќе мора да носи одговорност за сето она што ќе го направи, а македонската полиција е тука и бурно ќе стои на браникот на безбедноста и сигурноста, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Околу завчерашниот вооружен напад под Кале, Спасовски рече дека е можно да станува збор за пресметка во рамки на една криминална структура или со други криминални групи, што ќе треба да го утврди истрагата.
- Спроведуваме опсежна оперативна активност, наречена „Безбеден град“ и таа активност е насочена токму кон такви криминални структури. Сето она што го преземаме, го преземаме за да се спречат рекетирања, закани, уцени и продажба на наркотични средства и оружје низ целиот град. Заради граѓаните, заради сите што заслужуваат мир и спокој полицијата продолжува со оперативната активност, рече Спасовски во одговор на прашање на МИА .
Министерот порача дека поддржувачите на криминалните структури во сите сфери на општественото живеење се повеќе се разочаруваат затоа што полицијата нема да дозволи некој да биде амнестиран за криминалот што го сторил.
Тој додаде дека истрагата околу инцидентот под Кале бара темелно утврдување на факти и докази и МВР ја спроведува во соработка со јавното обвинителство и дека сето она што ќе се утврди како факти, доказ и аргумент во моментот кога ќе биде завршена истрагата ќе и биде соопштено на јавноста.
Ново на Сител
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
-

Еуродизелот поевтинува за два денара, цените на другите горива остануваат исти
-

Приведени двајца соственици и управители на златара поради сомнение за даночно затајување со што е оштетен држвниот буџет од 64.924.298 денари
-

Три закони за високо образование и наука наскоро ќе бидат поставени на ЕНЕР
