Спасувачките служби утре ќе продолжат со потрагата по непознатиот маж кој скокнал во Вардар
Осум часа им беа потребни на институциите да ја организираат потрагата по лице за кое Центарот на управување со кризи утринава информираше дека скокнало од мост на реката вардар во Аеродром. Повикот пристигнал во шест часот.
ЦУК информираше дека надлежните излегле на терен.
„На лице место се излезени екипи од Бригадата за противпожарна заштита, екипи на МВРИ и истите преку ЦУК, побараа поддршка и ангажирање на специјализирани тимови за претрага во води од Дирекзијата за заштита и спасување“
Но на терен, до точно напладне ниту една од овие институции не ги забележа камерата на Сител.Во меѓувреме, од Центарот за управување со кризи делумно ја потврди состојбата.
„Бригадата за противпожарна заштита не е вклучена во потрагата на лицето. Од МВР известија дека во потрагата се вклучени полицијаци од Гази Баба и Аердорм. До овој момент нема вклучено тимови за потрага од Дирекцијата за заштита за спасување кои утринава од наша страна беа известени за настанатата состојба“, информираше ЦУК.
Од центарот за управување со кризи појаснија дека известените институции постапувале по нивни оперативни стандарди и процедури. Противпожарна бригада излегувала на терен само ако биде утврдено дека е потребна нивната помош. Зошто не била активирана дирекцијата за заштита и спасување, која како што велат од Центарот за управување со кризи поседува нуркачи и чамци, нема одговор. По ваквите информации, дури околу 14 часот специјален тим на МВР со чамец се вклучи во потрагата. Се пребаруваше теренот од железничниот мост кај Лисиче, па се до мостот близнак.
Алармиран бил и Црвениот крст, кој како што информира ЦУК, ако во текот на денот не биде пронајдено лицето, од утре наутро ќе прати два тима со опрема да го пребарува течението на Вардар.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
