Специјалците спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија

Припадниците на Баталјонот на специјални сили (БСС) успешно реализираа сложена спасувачка акција за евакуација на тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија.
За време на изведувањето на редовна напредна обука за планински операции, припадниците на БСС беа алармирани за несреќа што се случила во непосредна близина, при која цивилно лице – алпинист, во текот на качувањето по карпи, паднало на исклучително стрмен и непристапен терен, при што се здобило со тешки телесни повреди.
Веднаш по добивањето на информацијата, припадниците на специјалните сили пристапиле кон организирање и спроведување на спасувачката акција.

На повреденото лице му била укажана прва медицинска помош на местото на несреќата, по што, со употреба на специјализирана алпинистичка и спасувачка опрема, било извршено безбедно извлекување од непристапниот терен и транспорт преку реката.
По успешно извлекување до пристапна точка, повредениот алпинист бил предаден на екипите на Итната медицинска помош за понатамошно згрижување и лекување.
Оваа успешна интервенција уште еднаш ја потврдува високата обученост, професионалноста, подготвеноста и способноста на припадниците на Баталјонот на специјални сили за дејствување во сложени и ризични услови.
Воедно, таа е потврда за нивната пожртвуваност, решителност и подготвеност за ангажирање во најпредизвикувачки ситуации, во служба на граѓаните и заштита на човечките животи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Неда Чаловска, адвокатка
-

Убиство во Скопје: 38-годишен маж пронајден мртов со прострелна рана на ногата
-

Обвинение за насилникот од Битола
-

Граѓански протест во Охрид против насилството врз жените
-

Македонија се подготвува за тешка зима, Владата уверува дека има план
-

Митрески: Наместо да ја купуваат, државните институции да си произведуваат бесплатна сончева енергија
-

Мажите над 45 години еднаш годишно да одат на уролог
-

Преглед на вестите од светот
