Специјалистите стоматолози со итни барања до Министерството за здравство и Ф.З.О
Стоматолозите специјалисти по протекита, ортодонција и орална хирургија кои имаат договори со Фондот за здравство бараат повеќе пари од државата. 200 тимови кои работат во специјалистички ординации се жалат дека едвај опстојуваат. Месечните приходи им биле во висина на минималната плата.
- Бараме зголемување на цените на специјалистичко – стоматолошките услуги, кои не соодвествуваат со зголемените материјални трошоци, изјави д-р Сузана Антовска, специјалист стоматолог.
Со слични проблеми се соочуваат и забните техничари. Тие бараат воведување на единствени цени за протезите.
- Не можеме да опстанеме ќе ставиме клуч на врата, изјави Џевид Алиус, здружение на забни техничари.
На состанокот во Стоматолошката комора беа и двајцата директори на Фондот за здравство, но не дадоа изјава за медиумите. Рекоа дека разговорите за барањата на стоматолозите специјалисти и забните техничари се во тек.
Ако не добијат повеќе пари од фондовската каса до 10 декември стоматолозите специјалисти најавија штрајк.
Утре пред министерството за здравство ќе протестира и здравствената администрација и техничкиот персонал кои не беа опфатени со најавите за поголеми плати на медицинарите.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
