СПМ: Ковачевски секојдневно покажува исклучително ниско ниво со неговите неодговорни изјави
Социјалистичката партија на Македонија смета дека нелегитимниот премиер Ковачевски секојдневно покажува исклучително ниско ниво со неговите неодговорни изјави.
За Социјалистичката партија на Македонија несфатливо е поеднаставувањето на Ковачевски за членството во ЕУ со условување со одлуката за уставните измени.
Ова е срамно размислување од Ковачевски, но тој веројатно не е ни свесен за леснотијата со која државата повторно и на овој начин ја става во подредена ситуација. Доколку се во прашање лични фрустрации државата и нацијата во никој случај не смеат да бидат заложници, особено не на неговата инфериорност. Европска иднина на Република Македонија е загрозена од импровизациите, неодговорноста и сервилноста на Ковачевски.
Социјалистичката партија на Македонија исклучува секаква можноста за било какви сугестии поврзани со било какви уставни измени, кои патем веќе се подготвени од страна на нов член на Уставниот суд избран спротивно на Деловникот и на насилен пат во Собранието на Република Македонија. Оттаму ткн.работна група е најобичен театар на Ковачевски и Владата на ДУИ и второстепената СДС.
Социјалистичката партија на Македонија предупредува на состојбата на дистопија во која државата постепено навлегува со однародената криминална клика на власт и нејзиното владеење со присила, закани и безгранично ограбување на народот и државата.
Социјалистичката партија на Македонија предупредува дека државата Македонија преку послушничко-предавничкото владеење на СДС е сериозно загрозена, а единственото решение и запирање на тој процес се вонредните, брзи итни парламентарни избори.
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
