СПМ: Не сме изненадени од ставовите и изјавите на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта
Социјалистичката партија на Македонија воопшто не е изненадена од ставовите и изјавите на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, оценувајќи ги како очекувани.
Ќе потсетиме дека „она што е договорено е договорено и нема повеќе што да се договара", може единствено да се однесува на соддржината на Лисабонската Декларација, но не и на уцените на Софија и условувањето од Кошта.
Наместо очекувањата на ЕУ земјава да го исполни договореното за да ги започне преговорите за членство, Македонија очекува ЕУ да ги почитува и да ги исполни сопствените критериуми од Копенхаген.
Социјалистичката партија на Македонија ги цени како прилично лесно изречени и несериозни одговорите на Кошта дека повеќе нема да има нови билатерални барања од Бугарија по вметнувањето на Бугарите во Уставот.
Ќе потсетиме дека во изминатите 25 години и повеќе Македонија редовно слушаше неискрени и лажни изјави од ликови на кои македонската држава и народ им служеа единствено како средство за остварување на личните и поинакви амбиции. Оттаму впечатокот и за високиот гостин за неговиот потценувачки сарказам и неискреност, кои во најблага форма би се свел на негова неупатеност од што ќе произлезе оценката за бесполезност и неуспешност на неговата посета.
Социјалистичката партија на Македонија ја упатува јавноста дека почитуваниот господин Кошта, невнимателно игнорирајќи го историскиот контекст, отворено застана зад одредени империјални интереси, стотици години стари, и зад негаторскиот и антимакедонски однос на источниот сосед, како нивни производ и како крајна цел на една политика против која во денешно време најмногу ЕУ се спротивставува и бори, наводно.
Социјалистичката партија на Македонија цврсто застанува зад одлучноста и децидноста на македонската Влада во одбивањето на неразумните и антицивилизациски бугарски ставови и зад принципиелноста во одбраната на македонските позиции, односно македонските црвени линии.
Социјалистичката партија на Македонија го дели ставот дека продолжувањето на преговорите за полноправно членство на Македонија во ЕУ е потребно да се одвиваат на релација Скопје-Брисел или во непосреден дијалог на највисоките авторитети на Македонија и ЕУ.
Ново на Сител
-
7 специјализанти добија решенија во охридската болница
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Софија бара ослободителна пресуда за основачот на клубот „Ванчо Михајлов“
-
Побаран притвор за поранешните директори
-
Воведени се драстични промени во работата по скандалот на Онкологија, смируваат од клиниката
-
Мајмунски сипаници потврдени кај двајца 40-годишници од Скопје, не се познавале и не патувале надвор
-
Бислимовски: Одлуката на Уставниот суд може да доведе до поскапување на парното
-
Одбележани 76 години од основањето на УКИМ - наградени најдобрите студенти