Спокојна и весела новогодишна ноќ во Охрид

На мошне студено време и температура од десеттина степени под нулата охриѓани и гостите што решија на Охридската ривиера да ги минат новогодишните празници синоќа ја испратија сега старата 2025 и ја дочекаа Новата 2026 година.
Весело со традиционална забава до раните утрински часови беше во угостителските објекти и во хотелите, кои беа исполнети речиси до последното место. И оваа година најбројни беа гостите од соседните држави, најмногу од Србија, Бугарија, Црна Гора, но имаше и помал број гости од целиот свет.
Неколкуте илјади граѓани на Охрид и туристи кои се одважија и покрај студеното време Новата година да ја дочекаат на отворено на Градскиот плоштад, ги забавуваа естрадните уметници Ѓоко Танески, Влатко Лозановски и Ефто Пупиноски, а беше организиран и огномет над Охридското Езеро.
Првиот ден од Новата година Охрид го дочека облеан во сонце, што секако ќе придонесе за уште подобро празнично расположение на сите гости за време на нивниот престој тука. Секако убавото време ќе може да го искористат за прошетки по Кејот, низ Чаршијата и Стариот дел на градот.
Инаку, од аспект на безбедноста самата новогодишна ноќ мина релативно мирно. Како што истакна портпаролот на СВР - Охрид Стефан Димоски, имало три нарушувања на јавниот ред и мир од кои едно, нарушување со карање и викање пред казино и две нарушувања со физички напад, во ноќен клуб и на паркинг-простор. Едно лице е приведено, а едно се здобило со телесни повреди. Возачите примерни така што „најлудата“ ноќ мина без ниту една сообраќајна незгода.
Спокојно мина ноќта и за вработените во Територијалната противпожарна единица, кои немаа ниту една интервенција.
Во Службата за итна мединцинска помош задоволни од тоа како мина новогодишната ноќ. Дежурните медицински екипи со зголемен број повици споредбено со обичните денови, но без поголеми интервенции.
Првото новородено во новата 2026 година е женско бебе, тешко 2,8 килограми, родено во 1:17 минути. Породувањето минало без компликации, и мајката и бебето се во добра здравствена состојба. Нив денеска на Одделението за акушерство ќе ги посети градоначалникот Кирил Пецаков, кој ќе ги дарува го пригодни подароци.
МИА
Ново на Сител
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

„Безбеден град“ дава резултат
-

Премиерот најави ново линеарно зголемување на пензиите
