-->
-->
Ѓорческа повторно е помеѓу најдобрите 200 тенисерки во светот
-->
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се врати во Топ 200 на најновата ВТА-ранг листа објавена денес. Таа по вчерашниот освоен турнир во Куршумлиска Бања во Србија, бележи прогрес од 30 места е сега е на 186. позиција.
Во досегашната кариера најдобар пласман на Ѓорческа беше пред шест години кога се најде на 170. место.
На врвот на ВТА ранг-листата е Арина Сабаленка од Русија, пред Ига Швјонтек од Полска и Коко Гауф од САД.
Во Топ 10 се и: Џесика Пегула (САД), Елена Рибакина (Казахстан), Марија Сакари (Грција), Онс Жабер (Тунис, Маркета Вондрушкова (Чешка), Каролина Мухова (Чешка) и Каролина Гарсија (Франција).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
-

Три смртни случаи од западнонилска треска за една недела – ДСЗИ проверува колку прскале општините
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе ги објават Комуналец и општината
-

Дизелот од полноќ поскапува за 6,5 денари, бензините за 4,5 ден/литар
-

Сточарите бараат вакцинација против сипаници кај овците, АХВ најавува 500.000 вакцини од Турција
-

Вештачење за „Пулс“: Непрописен излез, двојно повеќе гости и диви градежни зафати во објектот
-

Остри реакции за предлогот улица во Тетово да го носи името на Фадил Сулејмани
-

34 години Армија, традиција и нови предизвици
