Македонија
9. October 2026 - 13:26

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух

На 08.10.2026 околу 17:30 часот во близина на граничната линија со Република Грција, на место викано „Ќупот“ во атар на гевгелиското село Моин, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица забележале и спречиле група од околу 40 мигранти да остварат илегален влез во државата, додека 15 мигранти биле лишени од слобода и биле предадени во Прифатно-транзитен центар Гевгелија за понатамошна постапка.

При преземање на мерки, полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели од огнено оружје во воздух.