Средношколците и студентите повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција

Средношколците и студентите денеска повторно организираа блокади и протести во повеќе француски градови, меѓу кои Париз, Рен, Марсеј и Тулуз, а полицијата интервенираше за да деблокира одредени училишта, додека тројца ученици се приведени во Нант во рамките на истрагата за пожарот што изби во средното училиште „Нелсон Мaндела“ на 1 октомври.
Во Рен, средношколците рано утринава се обидоа да го блокираат своето училиште, но полицијата и жандармеријата ги отстранија барикадите, пренесува телевизијата BFM.
Околу 8:00 часот, триесеттина ученици повторно ги блокираа двата влеза и излези од училиштето.
Повеќе од 100 средношколци се собраа пред училиштето, каде што беа распоредени бројни полициски и жандармериски единици, кои на крајот ги растераа демонстрантите за да овозможат премин.
Во Марсеј, учениците од едно големо средно училиште, кое досега беше целосно блокирано, преминаа на делумна блокада и пропуштање на учениците за да спречат интервенција на жандармеријата и да им овозможат влез на оние што сакаат да присуствуваат на наставата.
Во Париз, блокадите и протестите продолжија во неколку образовни установи, вклучувајќи го средното училиште „Луј Велики“ и универзитетот Асас, додека средното училиште „Елен Буше“ повторно беше блокирано, а демонстрантите протестираа пред полициските сили.
Блокади беа регистрирани и во Тулуз, каде што учениците со барикади и контејнери за ѓубре блокираа едно средно училиште.
Вчера во тој град беше попречено функционирањето на 12 од вкупно 13 средни училишта, а еден од учениците кои учествуваат во протестите изјави за телевизијата BFM дека барањата на демонстрантите се исти како на почетокот на движењето, но дека на нив „не е одговорено“.
Според него, денеска се мобилизирани и студентите од Универзитетот во Тулуз „Жан Жорес“ и Институтот за политички науки во Тулуз.
Во меѓувреме, во Нант рано утринава беа уапсени и приведени тројца ученици од средното училиште „Нелсон Мaндела“, кои се задржани во полиција во рамките на истрагата за пожарот што изби во тоа училиште на 1 октомври.
Сите тројца се ученици на таа образовна установа.
Протестите на средношколците и студентите во Франција почнаа во средината на септември поради недостигот на наставен кадар, лошите услови во училиштата и незадоволството од состојбата во образовниот систем.
На демонстрациите минатата сабота учествуваа повеќе од 300.000 луѓе.
Меѓу главните барања на демонстрантите се поголеми вложувања во образованието, вработување наставници, намалување на бројот на ученици во паралелките и реформа на системот за упис на факултетите.
МИА
Ново на Сител
-

Стојков: За Бугарија решението за сите проблеми е да ги снема Македонците
-

Примателите на социјална помош ќе можат наеднаш да ги подигнат парите преку Алта банка
-

Алта банка ги скара партиите: Обвинувања за пари, политички врски и бизнис-интереси
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
