ССМ пресмета: Месечно се потребни над 46 000 денари за да се преживее
Ни две минимални плати не се доволни за едно семејство да го истурка месецот. Синдикатот пресмета дека потрошувачката кошница за ноември изнесува нешто над 46 илјади денари. Забавената инфлација, која според статистика достигна 3,1% претходниот месец, не го подобри стандардот кај граѓаните. Напротив, од ССМ сметаат дека сиромаштијата се продлабочува, а тешко се живее и со пресечна и минимална плата.
-Верувајте дека според нашите пресметки едвај се преживува со една просечна и една минимална плата, имајќи вo предвид дека двајцата родители работат и имаат 2 деца. Семејствата со 3 и повеќе деца живеат во тешки облици на сиромаштија. Од друга страна, ако двајцата родители земаат 2 минимални плати, не можат ни да преживеат, изјави Иван Пешевски, ССМ.
Половина од парите за задоволување на основните потреби се за храна и пијалоци. Токму цените на храната изминатиов период уриваа рекорди, иако власта смета дека мерката за замрзнување дава резултати. Од Синдикатот пак работат на нова методологија, која ќе биде пореална од сегашната. Во стара влегуваат параметри стари 15 години за семејство кое живее во 50 квадри стан, нема автомобил и нема интернет.
Новата ќе биде готова до крајот на годината и ќе ги има вo предвид трошоците кои Владата ги субвенционира, но и зголемувањата на кириите, кредитите ќе влезе и горивото за превоз, еден билет месечно за кино или театар, нови лекарстава за здравство, а не како до сега само еден аналгин и диазепам месечно. Според ССМ, само на тој начин ќе се добие реална престава колку пари се потребни за пристојна живеачка. Инаку статистиката во ноември пресмета дека трошоците за живот во ноември пораснале а 3,1% во споредба со ноември лани. Но годишната инфлација, од почетокот на годината до ноември изнесува 9,9 отсто.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
