ССЗ против намерата за припојување на болницата во Лешок кон Клиничката во Тетово
Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок треба да продолжи да функционира самостојно, категорични се од самостојниот синдикат за здравство при ССМ. Тие даваат безрезервна подршка на синдикалната организација при болницата и бараат да се преиспита одлуката за припојување кон Клиничката болница Тетово.
- Доколку има некаков проблем бараме да биле решен и надминат во рамки на оваа јавна здравствена установа без оглед дали станува збор за некакви персонални решенија, недостиг на одредени профили на вработени и слично. Од овие причини како Гранков синдикат ги поддржуваме барањата на синдикалната организација со надеж и верување дека нема да дојде во прашање каква било статусна промена на оваа специјализирана здравствена установа која сосема самостојно со години успешно функционира во рамки на македонскиот здравствен систем, изјави Гордана Славеска, советник во Самостојниот синдикат за здарсвтво, фармација и социјална заштита на РМ.
Минатата недела на одлуката да бидат дел од Клиничка Тетово реагираа и лекари од болницата и предупредија дека ќе се соочат со проблеми.
Болницата во Лешок која важи за воздушна бања како посебен правен субјект со сопствен буџет постои повеќе од 46 години и годишно низ амбулантите поминуваат повеќе од 7000 пациенти и добиваат соодветен третман.
Ставот на министерството за здравство за припојувањето е поради недостиг на кадар и да не се затвори установата во Лешок ќе ротирале лекари од тетовската болница.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар