Стармер го повика поранешниот принц Ендрју да сведочи за врските со Епстин

Принцот Ендрју Мaунтбатен-Виндзор „треба да биде подготвен“ да сведочи пред американскиот Конгрес за своите врски со Џефри Епштајн, откако се појави во неодамна објавени документи поврзани со осрамотениот педофил, изјави британскиот премиер Кир Стармер.
Пристапот „фокусиран на жртвите“ во случајот Епштајн е причината поради која Ендрју треба да ги сподели информациите „во каква било форма“, доколку тоа биде побарано од него, додаде Стармер.
Во најновиот сет документи објавени од американското Министерство за правда се појавуваат фотографии на кои Ендрју клечи на сите четири над неидентификувана жена.
Фотографиите се дел од повеќе од три милиони документи што беа објавени во петокот.
По пристигнувањето во Јапонија, последната етапа од неговата посета на Источна Азија, Стармер беше прашан дали Ендрју треба да се извини и да сведочи во конгресната истрага за Епштајн.
-Пред сè, на ова прашање секогаш му пристапувам имајќи ги на ум жртвите на Епштајн. Тие мора да бидат приоритет. Дали е потребно извинување – тоа е работа на Ендрју, изјави британскиот премиер.
-Но, кога станува збор за сведочење, отсекогаш сум велел дека секој што има информации треба да биде подготвен да ги сподели во која било форма што ќе му биде побарана, бидејќи не може да се тврди дека сте фокусирани на жртвите ако не сте подготвени да го направите тоа, додаде тој.
Најновите фотографии, објавени во документ од 100 страници, прикажуваат и како поранешниот војвода ја допира стомачната област на жената, додека во позадина се гледаат нозете на друга неидентификувана личност поставени на маса.
Фотографиите немаат опис, ниту е познато кога се направени.
МИА
Ново на Сител
-

Обоистката на МОБ Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана
-

Преку промоција на културата до повеќе посетители
-

Кадровско засилување на кочанската општа болница
-

Преглед на вестите од светот
-

Ние сме против ад хок зголемување на плати без раст на продуктивноста, велат од Министерството за економија
-

Тема на денот со Борис Георгиевски, Дојче Веле на македонски јазик
-

Мицкоски на средби со државни и бизнис делегации во Давос
-

Грипот и понатаму со бројки над 2000 случаи – досега три смртни случаи поради компликации од вирусот
