Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
Стојна Димитровска Бут не се откажува од наплатата за Куклица, повторно се најде во центарот на вниманието по инцидент кај познатиот туристички локалитет „Камени кукли“, познат како Куклица. Овојпат, обидот да наплати влезници на посетители завршил со полициска интервенција и нејзино приведување.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 41-годишната кратовчанка била приведена вчера, на 27 октомври, во 11:30 часот, откако двајца посетители од Скопје пријавиле дека се обидела да им наплати билети за влез во локалитетот, а притоа им упатувала и закани.

Наместо мирно разгледување на една од најпознатите природни знаменитости во Македонија, посетителите се соочиле со непријатна ситуација, која завршила со пријава во полиција.
Полициски службеници од ОВР Кратово постапиле по пријавата и ја лишиле од слобода.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
