Стотици ученици направија предновогодишен спектакал во Струмица
Учениците од струмичките училишта направија новогодишна бајка на градскиот плоштад. Неколку стотини деца од сите основни училишта со песна и желби за добро здравје, многу радост и безгрижно детство ја испратија старата и ја повикаа новата 2018 година. Зедно и хорски пред големата новогодишна елка најмладите струмичани во придружба на нивните родители и роднини и во присуство на првиот човек на општината Коста Јаневски ги пееја елко, елко и традиционалната тивка ноќ.
,, Пораката која што ќе ја пренесеме денес е дека заедничката дружба и големата хуманост најмногу треба да ги негуваме и дека овој период е период кога споделуваме љубов и радост и треба сите заедно да сме сплотени и да си помагаме едни на други.,, рече Ирина Георгиева – Младински совет - Струмица
Покрај забавниот, новогодишниот хепенинг на струмичкиот плоштад имаше и хуманитарен карактер. Секое од децата кое учествуваше во програмата подготви и новогодишно пакетче кое го оставија под новогодишната елка, за да потоа истите бидат донирани на децата од социјално загрозените семејства со цел и тие да ја почувствуваат празничната радост и атмосфера.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
