Струга веќе трета недела без питка вода за пиење
Струга веќе трета недела без питка вода за пиење. Последните анализи покажале дека водата може да се користи за технички потреби но поради матноста водата од градскиот водовод сеуште е забранета за користење.
Градоначалникот Ќура уверува дека се преземаат сите мерки и најави одговорност за проблем со водата кој трае години нанзад.
Струшкиот градоначалник Ќура вети дека општината ќе им ги надомести штетите на стружани ќе им бидат намалени сметките за вода за перидот додека е загадена.
За долгорочно решавање на проблемот, потребна е санација на оштетувањата кај извориштето Шум.
Инаку поради сомнежи за кривични дела „нелегална експлоатација на минерални суровини и загадување на водата за пиење“, Обвинителството во Струга им забрани на две компании од Велешта да вршат ископувања во близина на изворите.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
