Македонија
15. February 2023 - 19:48

Струмица е подготвена за уште едно издание на Карневалот кој започнува на 22 февруари

Осумдневните карневалски свечености во Струмица оваа година започнуваат на 22 февруари и ќе траат до 1 март. Главната карневалска вечер е планирана за 25 ти март кога низ улиците на Струмица ќе продефилираат 41 група кои ќе понудат програма од околу три ипол часа. Годинава на карневалот повторно се враќаат и повеќе групи од странство.

Свеченото отворање на карневалските денови е планирано на 22 февруари, среда,кога градоначалникот официјално ќе го предаде клучот на градот на карневалските групи

Освен карневалските групи и годинава на струмичкиот карневал најавено е присуство на претставници на FECC повеќе европски земји. Според организаторите, додадена вредност на ова издание на карневалот треба да му даде и вмрежувањето меѓу ученици од основни и средни училишта од различна етничка припадност кои изработуваат заеднички маски.