Струмичани загрижени поради загадениот воздух
Параметрите на мерните станици во Струмица неколку денови по ред покажуваат неколкукратно повисока концентрација на Пм 10 честички во воздухот во однос на дозволеното. Загадениот воздух, се повеќе го чувствуваат и граѓаните. Ова посебно било изразено во вечерните и утринските часови поради што се принудени да го менуваат и начинот на живот. Навечер воопшто не излегувале од дома, а секојдневните обврски наместо рано наутро ги завршуваат после десет часот .
Градоначалникот на Струмица вели дека ја следат состојбата и ги преземаат сите неопходни и краткорочни и долгорочни мерки. Направените анализи покажале дека огревното дрво и понатаму останува најголемиот загадувач на воздухот.
Високата загаденост на воздухот ќе биде тема и на утрешната седница на советот за превенција на која ќе присуствуваат претставници од сите надлежни институции. На седницата, освен информација за состојбата планирана е и поширока дебата од која треба да произлезат и конкретни акции за намалување загаденоста на воздухот.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар