Македонија
25. March 2022 - 21:22

Струмичкиот бизнис сектор се соочува со проблеми поради здравствената и воената криза

Недостатокот од репроматеријали, потребата од нови пазари, но и зголемените производствени трошоци, ова се само дел од проблемите кои во струмичкиот бизнис сектор ги предизвика здравствената криза која премина во воена. 

За стопанствениците дополнителен проблем претставува и недостатокот од свеж  капитал. За предизвиците со кои во моментов се соочуваат тие денека го информираа и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи информираше дека Владата прави напори да помогне секаде каде е потребно. Покрај пакетот економски мерки од 400 милиони евра тој најави дека од следната недела ќе бидат оперативни неколку кредитни линии од Развојната банка наменети за стопанството.

Средбата на Вицепремиерот Битиќи со бизнисмените од Струмица беше реализирана на иницијатива на градоначалникот на општина Струмица.