Македонија
11. November 2018 - 16:45

Струмичките инспектори удрија по загадувачите на воздухот

Инспекцијата во Струмица ги зачести надзорите за заштита на воздухот, а изречени се и неколку казни . На терен интензивно работат овластениот комунален инспектор, инспекторот  за животна средина, за патен сообраќај и редарската служба во рамки на комуналната инспекција.  Целта е спречување и превенирање на согорувањето комунален отпад , цврст  и отпад од стари моторни возила, појава која е зачестена во последниот период.  По извршениот надзор  во 16 случаи инспекторите констатирале прекршување на законските одредби за што веќе  отпочнале и исто толку инспекциски постапки .

,, Изречени се шест глоби во прекршочна постапка со издавање на прекршочен платен налог и десет глоби во прекршочна постапка со издавање на мандатен платен налог.,, вели Љупчо Ташевски - оввластен комунален инспектор 

Најчестите прекршоци кои се констатирани се во областа на јавната чистота, односно во делот на согорување на комунален отпад.

,, Иако имаме организирано собирање на отпадот и во населените места и во градот Струмица проблемот се јавува со несовесните граѓани кои најчесто во попладневните или вечерните часови неконтролирано отфрлаат отпад кој подоцна,  најчесто поради собирање на отпад  за старо железо се врши палење на тие локации со што директно се загрозува и загадува воздухот.,, вели ТАШЕВСКИ

Од одделението за инспекциски работи  најавуваат дека ваквите контроли во наредниот период ќе продолжат интензивно, а прекршителите ќе бидат санкционирани. Од таму апелираат до граѓаните за повисока свест да не прават диви депонии, а потоа истите да ги палат, но и да ги пријавуваат несовесните граѓани кои придонесуваат во згадувањето на животната средина.