Македонија
26. April 2021 - 12:35

Струмичките таксисти се соочуваат со нелојална конкуренција

Нелојалната конкуренција главен проблем на такси превозниците од Струмица. Се жалат на големиот број диви таксисти кои сериозно го загрозуваат работењето на легално регистрираните компании.

Дополнителен проблем им претставува и малиот број на паркинг места за нив во центарот на градот кои речиси секојдневно се узурпирани, тие биле принудени да се снаоѓаат поради што често плаќаат и казни за погрешно паркирање. За овие нивни проблеми тие ги известија и надлежните од локалниот совет за превенција.

Освен зголемен број на стојалишта за возилата од такси превозот, превозниците барааат и поголема контрола од полицијата и сообраќајните инспектори.