Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

Студентите на Правниот факултет во Ниш денеска поднесоа кривична пријава до Вишото јавно обвинителство против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ, бидејќи неовластено и спротивно на правилата влегле во одделението за интензивна нега во Универзитетскиот клинички центар во Белград каде што биле сместени повредените од пожарот во Кочани.
Како што објавија студентите на Инстаграм, предмет на пријавата се дејствија што содржат основи за сомнение дека се извршени кривични дела, загрозување на безбедноста, неовластено фотографирање, неовластено објавување и прикажување на туѓи досиеја, портрети и видеа и злоупотреба на службена положба.
Студентите објаснија дека се одлучиле на тој чекор бидејќи доволно долго чекале јавниот обвинител, како независен орган за кривична гонење, да ја препознае својата уставна и законска должност – да реагира на очигледно незаконското однесување на носителите на највисоките државни и локални функции.
Тие потсетија дека на 17 март Вучиќ влегол во одделот за Интензивна нега на Универзитетскиот клинички центар на Србија, каде што биле лекувани повредените во пожарот во Кочани, а дека Павловиќ го сторил истото во Воената болница следниот ден.
„Двете посети беа организирани во присуство на фотографи и новинари, иако тие болнички единици се строго затворени, а нивната приватност и безбедноста на пациентите се заштитени со закон и медицинска етика“, се наведува во објавата.
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
