Македонија
29. December 2021 - 16:34

Судот го прифати обвинението за Рашковски, семејството ги демантира тврдењата на ДКСК

Рашковски ќе седне на обвинителна клупа во Кривичен. Судот целосно го прифатил обвинението според кое, поранешниот генерален секретар на Владата го оштетил државниот буџет за над 300 илјади евра. Првото рочиште за случајот ќе се одржи после Божиќ, велат од Кривичен.

Во меѓувреме, откако антикорупциска побара да се отвори нов предмет за Рашковски, неговото семејство негира дека добило автомобил од 50 илјади евра како награда од гостиварска фирма. Во писмото упатено до Комисијата за спречување корупција, Рашковски испратиле и фотографии од возилото „Доџ вајпер“ кое е во реконструкција и велат, било купено за 5 илјади евра, а за тоа  постоел и купопродажен договор.

За ВМРО-ДПМНЕ, скандалозен е предметот со Рашковски откриен од Антикорупциска. Партијата бара од правосудните органи да го истражат случајот.

Освен за злоупотреба на положбата, Рашковски е обвинет и за перење пари. Според обвинението, со незаконски стекнатите пари тој ги полнел своите банкарски сметки, а предвреме ги исплатил и земените кредити.