Судовите ќе добијат нови судии - кандидати синови, ќерки, роднини на политичари, судии
Блиски роднини на актуелни политичари, судии и обвинители кои завршија академија за судии ќе го добијат првото вработување. Идната недела судскиот совет ќе одлучува каде академците од последната генерација ќе ја почнат судиската кариера. Според огласот, се бараат судии за 11 градови, а интерес имало само за половина од нив. Кривичниот и Граѓанскиот во Скопје, судовите во Битола, Св Николе, Тетово и Струмица ќе добијат засилување со нови судии
Меѓу академците кои за првпат ќе ја облечат судиската тога, се снаата на генералниот собраниски секретар, Цветанка Иванова, ќерката на пензионираната обвинителка Смаќоска, синот на поранешната специјална обвинителка Јосифовска, сопругата на градоначалникот на Аеродром.
Правда ќе дели и синот на штотуку избраниот член на судскиот совет, Наќе Георгиев. Практично, изборот на сопствениот син за судија треба да биде првата работна обврска на Георгиев.
Фамилијарните врски беа декор и во генерацијата со нови обвинители. Откако ја завршија академијата, вработување во обвинителство добија синот на собранискиот спикер Џафери, сопругата на обвинителот Абази и синот на апелациониот судија Беџети кој одговора дека со месеци во фиока го чувал предметот за прислушувањето.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
