Македонија
1. May 2023 - 16:33

Судски совет утре во нов обид за избор на претседател

Заменик претседателот кој иницираше разрешување, не кажува дали Судски утре ќе биде во полн состав за да избере нов претседател.. Селим Адеми не одговори на телефонските повици ниту пак пораките на Сител со прашање дали ќе бидат присутни сите членови на советот. Законот пак не предвидел дека е неопходно присуството на сите 13мина членови, како што тоа го бараше Адеми кога во четвртокот го одложи изборот.

„Претседателот на Советот и неговиот заменик се избираат со најмалку осум гласови од членовите со право на глас“ предвидува законот за Судски совет, ама нема наведено дека  е неопхдно присуството на сите членови.. Од коалицијата „Сите за правично судење“ очекуваат Адеми да го одржи ветувањето за избор во полн состав.

„Утре, најверојатно ако Судскиот совет биде во полн состав да изберат претседател, со тоа што дополнително ќе видиме како ќе се одвиваат случувањата затоа што се очекува да биде Судски во полн состав како што најави и заменик претседателот на последната седница и дали ќе биде избран нов претеседател“, вели Ивана Петковска, Коалиција Сите за правично судење.

Сега на чело на советот ќе може да застане и судија откако Уставен го укина правилото дека со телото може да раководи само член предложен од Собранието.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ, виновник за состојбата во Судски е актуелната власт.. Велат, ситуацијата е срам за државата со трајни последици пред меѓународните партнери.

Од владејачката СДСМ пак велат партиите да не се мешаат во работата на Судски. Советот бил непартиско независно судско тело.

„Во однос на актуелната ситуација во Судскиот совет, сите одговори се повикани да ги дадат членовите, а почитувајќи ја независноста, полиитчките партии треба да останат воздржани и настрана“, велат од СДСМ.

За период од пет месеци, судски двапати менува претседател. Дамева ја разрешија колегите зашто ги нарушила меѓучовечките односи, а Црвенковска си поднесе оставка поради притисоци од „судска-бизнис“ елита.