Судскиот Совет избра нови судии, меѓу нив лица со фамилијарни релации
Таткото поднесе оставка, за синот да стане судија. Бурно утро за семејството кое изобилува со правосуден кадар.
Наќе Георгиев кој пред неполни две недели беше избран за член на Судски совет, денеска мораше да поднесе оставка за да може неговиот син како академец да ја започне судиската кариера. Духовите ги разбуди законот за судови кој не дозволува роднина на член на советот да биде избран за судија.
Така утринава беше одложена заклетвата која Наќе Георгиев требаше да ја даде пред собранискиот спикер, а на час и половина беше одложена и седницата на која за првпат Герогиев требаше да седне како член на Судски.. Тој времето го искористил да го информира советот дека дава оставка.
Разрешената претседателка Дамева пак откри дека најверојатно Георгиев сакал да го одбегне законот, и сакал ем да остане член на советот ама и неговиот син да стане судија.
Оставката на Георгиев го отвори патот неговиот син Кирил да стане судија во Основниот кривичен суд. Според рангирањето, тој имаше најмалку бодови од останатите шестмина кои ја почнуваат судиската кариера.
По денешната оставката на Георгиев, Судски повторно треба да спроведе избори за член од редот на врховните судии.. По превирањата од април и мај, Радевска-Стефкова го напушти советот, а по спроведените избори на нејзино место требаше да седне Георгиев. Беше единствен кандидат и од вкупно 13мина врховни судии, освои шест гласа. Седум од ливчиљата, судиите ги направиле неважечки.
Советот денеска избра и 20тина судии кои по завршената академија за првпат че облечат судиска тога.. Меѓу нив, врботување добија синот на обвинителската Јосифовска, ќерката на пензионираната обвинителка Смаќоска и сопругата на градоначалникот на Аеродром.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
