Светот има право да се плаши од вештачката интелигенција, изјави директорот на OpenAI

Директорот на американската компанија OpenAI, Сем Алтман, изјави дека светот има „право да се плаши“, но дека „треба да им верува“ на компаниите за вештачка интелигенција (ВИ) дека „ќе го направат вистинското нешто“ кога станува збор за безбедноста и развојот на ВИ.
„Светот треба да верува дека ние ќе го направиме вистинското нешто, бидејќи тоа е вистинското нешто и ја чувствуваме големината на ова“, рече Алтман на конференција во Сан Франциско организирана од софтверската фирма Salesforce, јави Би-Би-Си.
Тој рече дека луѓето имаат оправдан страв од вештачката интелигенција, бидејќи можностите на алатката се развиваат брзо.
„Не ни треба толку имагинација како порано за да замислиме како ова може да тргне наопаку. Мислам дека светот има право да се плаши од ова“, рече Алтман.
Тоа е првото јавно обраќање на Алтман откако објавата на истражувач кој ја напушти фирмата за вештачка интелигенција Anthropic стана вирална минатата недела, во која се наведува дека ВИ може да ги убие сите луѓе до крајот на деценијата ако не се контролира. Неколку други раководители и експерти за вештачка интелигенција одговорија дека се согласуваат со таа проценка.
МИА
Ново на Сител
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
