-->
-->
Светска програма за храна: Итно се потребни милијарди долари за да се реши проблемот со жариштата на гладта во светот
-->
Извршната директорка на Светската програма за храна, Синди Мекејн изјави дека итно се потребни милијарди долари за решавање на проблемот со жариштата на гладта во светот и апелираше до светските претставници да се вклучат во неговото решавање.
Мекејн изјави за Си-Би-Ес дека кризите ширум светот, многу од нив во воените зони, ги испразниле фондовите на нејзината организација.
Според „Политико“, како земји со најтешка ситуација во врска со недостигот на храна, Мекејн ги именувала Сирија, Судан и Појасот Газа.
Таа ги повика соседите на Сирија да отворат сигурни линии за снабдување за да може да се достави храна во земјата.
„Досега успеавме да нахраниме 70.000 луѓе овој месец, но потребно ни е повеќе“, рече Мекејн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнува кампањата „Македонско најдобро“
-
И лозарите од штипско незадоволни од понудените откупни цени за грозјето
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот