Светски куп во воздухопловно моделарство во Прилеп
На спортскиот аеродром во Мало Коњари викендов се одржаа двата светски купа „Прилеп куп-трофеј на Прилеп и „Македонија Светски куп“ во дисциплини од воздухпловното моделарство, категорија на модели за слободен лет. Организатор на куповите беше воздупловниот клуб од Прилеп „Фил Феникс“. Учествуваа учесници од 5 држави.
„Имаме спој од наука, електроника, техника, од познавање на аеродинаминка ии метереологија. Но и дел кој исклучително важен, а тоа е физичката подготвеност на учесниците. Присуствуваат денес тука една голема група на спортисти кои што се во самиот врв во генералниот пласман на меѓународната федерација“, истакна Здравко Тодороски, директор на на Светските купови „Прилеп куп-трофеј на Прилеп и „Македонија Светски куп“.
Во овие натпреварувања со аеро моделите има повеќе категории, а учесниците велат дека за овој спорт потребни се познавања од повеќе области.
„Во оваа категорија интересно е тоа што моторот е дозволено да работи само 4 секунди. За да може моделот за тие 4 секунди да се искачи што е можно повеќе, а потоа автоматски преминува како едрилица. Траењето на летот се мери. На еден натпревар треба да се направат 5 или 7 стартови и се собира вкупниот број на секунди“, кажа Жива Ковачки, учесник од Србија.
„Исто така има повеќе различни работи кои треба да се познаваат во овој спорт, како технички услови, аеродионамиката на моделите, треба да се знае математика, физика, треба да се познаваат и временските услови и условите на самиот терен, има повеќе нешта за да се биде успешен, но јас сум тука пред се поради уживањето“, рече Исмет Јурксевен, учесник од Турција.
Овој спорт како за мажите е исто така привлечен и за женскиот пол.
„Мораме ние многу да вежбаме бидејќи тренингот е клучот за нашиот успех. Најдобрите спортисти покрај добар модел, добра изработка и техничка поддршка, исто така многу е важно за нас да се биде истрениран, извежбан, да се познава моделот и да се има тренирано со тој модел на различнии временски услови“, додаде Симона Тошеска, учесник од Македонија.
„Јас едноставно го сакам овој спорт и интересно е што многу луѓе не знаат за него, јас кога разговарам со повеќе луѓе тие се често изненадени и немаат слушнато за него. Јас се надевам дека ќе успееме да го рашириме овој спорт и со него да се занимаваат што е можно повеќе млади“, вели Ана Будимчевиќ, учесник од БиХ.
Овие натпревари од аеро моделарството во изминативе години на спортскиот аеродром во Мало Коњари кај Прилеп ја донесоа елитата на овој спорт од целиот свет, така што тие претставуваат одлична можност за афирмација како на градот така и на целата држава.
-
Дарко Штаргоски
Сите содржини од овој новинар