Татко ја врзал со јаже за врат и раце својата 11-годишна ќерка, снимал и објавил на социјални мрежи | ВИДЕО
Денеска (10.07.2025) СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Ч.(57) од село Ново Село, општина Ново Село, поради постоење на сомневање за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201а од КЗ.
На 08.07.2025 во дворното место од куќата на пријавениот во село Ново Село, тој насилно се однесувал кон неговата 11- годишна ќерка, која живеела со пријавениот, кој по разводот со неговата сопруга, односно со мајката на детето, е нејзин старател. Тој насилството го снимил со мобилен телефон.
Веднаш по објавување на видеозаписот на социјалните мрежи, од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземени мерки, откриен е сторителот и тој е повикан во СВР Струмица, каде во службен разговор го признал делото.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на лекар од Медицински центар Струмица е извршен преглед над детето, при што се констатирани телесни повреди во вид на црвенило на двете раце, кај зглобовите. Известен е и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Струмица, од каде се преземени мерки за понатамошна заштита на детето.
Ново на Сител
-
ЕУ со долг од 81,8 отсто и буџетски дефицит од 2,9 проценти од БДП
-
Техеран: Над 1.000 загинати во Иран за време на 12-дневната војна со Израел
-
Почина 80-годишен македонски државјанин на плажа во близина на грчкиот град Кавала
-
Зеленски: Утре нови преговори со Русија, можно е планирање средба со Путин
-
Четиригодишно девојче почина од глад во Газа додека Израел го ограничува снабдувањето со храна
-
Гори планината Готен на тромеѓието на општините Берово, Василево и Радовиш
-
18 годишник со македонско потекло планирал терористички напади во Австрија
-
Киното се враќа во Кочани, „Мистер Бин“ го наполни дворот на училиштето „Никола Карев“