Свет
22. July 2025 - 14:05

Техеран: Над 1.000 загинати во Иран за време на 12-дневната војна со Израел

Најмалку 1.062 лица загинаа во Иран за време на 12-дневната војна со Израел минатиот месец, соопшти денеска портпаролката на иранската Влада Фатеме Мохаџерани, повикувајќи се на официјални податоци. Меѓу жртвите има 102 жени и 38 деца.

Во одговор, Иран изврши ракетни напади врз израелска територија.

Војната дополнително ги влоши тензиите на Блискиот Исток и предизвика меѓународни апели за воздржаност и итен прекин на огнот. 

 

МИА