Тебас: За мене, времето на Инфантино е одамна поминато

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, изјави дека првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино „ја уништува самата суштина“ на фудбалот и верува дека неговото време како претседател на ФИФА завршило.
– За мене, времето на Џани Инфантино е одамна поминато. Не го велам ова поради неодамнешните настани. Го забележувам овој стил на управување долго време, иако сите други се чини дека дури сега го откриваат. Тој не е тип на личност која го промовира фудбалот. Напротив, неговите проекти ја уништуваат самата суштина на овој спорт. Фудбалот не е ограничен само на елитата. За мене, ерата на Инфантино е завршена. Она што се случува не ме изненадува. Она што ме изненадува е реакцијата на многу луѓе кои молчеа со години. Проблемот не е ограничен само на една личност; станува збор за целиот систем. Да се надеваме дека работите навистина ќе се променат, дека ќе се појави нов лидер и дека ќе се воспостави ново управување во ФИФА, изјави Тебас за „Ле Монд“.
Инфантино претходно се соочи со критики откако неговиот план за привлекување приватни инвестиции во компанијата што требаше да управува со натпреварувањата на Светската фудбалска асоцијација, вклучувајќи го и Мундијалот преку продажба на удели на инвеститори не успеа.
МИА
Ново на Сител
-

Протест на земјоделците во Струмица
-

Се одбележаа 25 години од масакрот на Карпалак кога загинаа 10-мина прилепчани
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за младите од Ново Село, СДММ бара одговорност за откривање службена тајна
-

Зеленски во официјална посета на Србија
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
-

Повреден Македонец дома ќе се враќа со владиниот авион
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
