-->
-->
Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-->

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ги обвини САД дека нападнале постројка за десалинизација на вода на островот Кешм во Персискиот Залив, при што без вода останале околу 30 населени места.
„САД извршија грубо и очајничко злосторство со нападот врз овој објект на островот Кешм“, напиша Арагчи на платформата „Икс“, додавајќи дека „водоснабдувањето на 30 населени места е нарушено“.
Тој оцени дека нападите врз иранската инфраструктура претставуваат опасен преседан.
„Нападите врз иранската инфраструктура се опасен чекор со сериозни последици. Овој преседан го направија САД, а не Иран“, нагласи шефот на иранската дипломатија.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинета во случајот „ИПАРД“ призна вина
-

Пораките на Димитровска објавени во судница
-

Функционерите не ги пријавуваат подароците кои ги добиваат во Антикорупциска
-

Кривични пријави за 6 лица од стоматолошката комора - заработиле половина милион евра со злоупотреби на лиценци
-

Михаела Доцова избрана за претседател на бугарскиот Парламент
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Се поставуваат камери од „Безбеден град“ во Охрид и Струга
-

Маржите за ѓубривата замрзнати, цените растат
